Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев во интервју за Би-Би-Си на српски јазик вели дека Македонија е фаворит во бараж-пресметката со Косово од Лигата на нациите, за пласман на ЕП 2020.
„Македонија ги победи Гибралтар и Лихтенштајн и селекторот вели дека сме најдобри во историјата. Па, зарем е тоа така ако сте го победиле Гибралтар? Но, во секој случај сега дуелите од баражот во Лигата на нации се шанса за ЕП. На Балканот, за жал, спортот секогаш е во втор план. Но, се надевам дека на мечот со Косово во Скопје ќе биде мирно и без инциденти. Косово пружа солидни партии, има неколку добри фудбалери, но според мене Македонија е апсолутен фаворит“ – вели Панчев, иако нагласува дека овој систем на натпреварување со Лига на нации не е во ред.
Панчев смета дека вакви квалификации се нешто најлошо што му се случило на фудбалот затоа што отвора можност на послабите да ги прескокнат реалните скалила на патот до големо натпреварување, па потоа таму да бидат „топовска храна“.
Македонскиот фудбалер на векот вели дека тој е еден од оние кои веќе две децении се залагаат за фудбалско обединување на поранешна Југославија.
„Гледајќи ги сите овие држави и државички кои настанаа, Југославија беше десетка на факултет, а овие сега петка, шестка… Јас сум воспитан да не ги гледам нештата низ националистичката призма, несреќните години треба да ги оставиме зад нас, затоа што ако направиме една таква лига сите може да добијат. Мислам дека околу регионално натпреварување најмногу кочат српските и хрватските клубови – останатите со задоволство би прифатиле“ – вели Панчев.
Поранешниот спортски директор на Вардар спомнува и за двете свои години како дел од раководството на најтрофејниот македонски клуб. Но, се раздели поради несогласување со сопственикот Сергеј Самсоненко…
„Кога Самсоненко не ангажираше тоа беше за да направиме респектабилен клуб за Европа. И направивме фантастичен успех со пласманот во групите од Лига Европа, но газдата не ги исполни своите ветувања дека ќе има финансии доволно – а без тоа не се може“ – вели Панчев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski