Ново лице во фудбалската репрезентација на Македонија. Ердал Ракип, играчот за врска на Малме, за првпат е дел од националниот тим. Веднаш откако ФИФА го одобри неговиот спортски пасош, селекторот Благоја Милевски му упати повик да ја засили конкуренцијата во средниот ред.
Се работи за 25-годишен играч од средниот ред кој секако е добредојден во ситуација кога го немаме Енис Барди поради повреда. Тој игра стандардно во шведскиот тим Малме, кој оваа година сензационално се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите.
Сепак, ќе треба да покаже дека е квалитет и за националниот тим, со оглед дека и во минатото имавме неколку „странски засилувања“, но ниеден не покажа дека може да биде носител на играта, освен Аријан Адеми.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













