
Неочекувани киксеви на Вардар и Шкендија во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига. Вардар загуби од Ренова, додека Шкендија доживеа убедлив пораз од 4-2 на гостувањето против Борец. Па, бодовната разлика на врвот останува иста, со тоа што Силекс по триумфот над Македонија ЃП сега се изрмани со тетовци на втората позиција. Интересна е битката на дното.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 22. коло во Првата лига.
1. ХАДИС ВЕЛИИ (РЕНОВА)
Иако немаше некој посебна задача, сепак, одличен во неколку моменти во кои Вардар можеше да ја загрози предноста на Ренова. Одбрани неколку удари на Вардар од 100% шанси.
2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (СИЛЕКС)
Квалитетен натпревар за дефанзивецот на Силекс. Цврст во одбраната која понесе голем дел од товарот во триумфот против „лавовите“.
3. ХРИСТИЈАН ГРОЗДАНОСКИ (СИЛЕКС)
Максимално сигурен во дефанзивата, извонредно прекинувајќи и голем дел од акциите на противникот. Го изнуди и пеналот за победа на кратовци.
4. ВИКТОР ВЕЛКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Творецот на победата на „романтичарите“. Извонредно голгетерски реагираше за единствениот гол на мечот кој значеше три бода за Работнички.
5. СЕБАСТИЈАН ХЕРЕРА (РАБОТНИЧКИ)
Максимално ефектен во средниот ред каде се кршеше резултатот на мечот против Академија Пандев. Асистент на голот за победа од 1-0 на Работнички.
6. РОБЕРТ КОЦЕВ (БОРЕЦ)
Сигурен, цврст во средниот ред во клучните моменти кога се неутрализираше комплетно противникот. Максимално борбен како и поголемиот дел играчи на Борец.
7. СЕРЖИЊО (ШКУПИ)
Максимално забележлив на дуелот, партиципирајќи и со гол во триумфот над Струга ТЛ.
8. АРЃЕНТ ГАФУРИ (РЕНОВА)
Максимално смирен, сигурен во клучните моменти – при изведувањето на двата пенали кои донесоа победа од 2-0 на Ренова против Вардар.
9. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)
Постојано опасен по противничкиот гол, постигнувајќи и еден прекрасен погодок во победата над Шкендија.
10. БОЈАН МИОВСКИ (РЕНОВА)
Клучниот фудбалер за победата на „гипсарите“ од 2-0 против Вардар. Извонредно ги изнуди двата пенали по кои Ренова дојде до трите бода.
11. НИКОЛА РАДОВИЌ (БОРЕЦ)
Најдобриот поединец во големата победа на Борец од 4-2 против Шкендија. Постигна два прекрасни погодоци во првото полувреме за 2-0 на својот тим со кои се најави триумфот против тетовци. А, потоа се беше полесно на патот до трите бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)
