Connect with us

Минимален пораз на младата женска репрезентација до 19 години

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално (1-0) од соодветната селекција на Романија во првиот пријателски меч одигран меѓу овие две селекции.


Нашата млада репрезентација предводена од селекторот Астрит Мерко може да жали за претрпениот пораз, со оглед на добрата игра на Македонија и неколкуте добри можности за постигнување гол. Единствениот погодок на средбата беше дело на Ботолеј во 75. минута од средбата.

Вториот контролен натпревар е закажан за денеска, со почеток во 17 часот.

Предводникот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, Астрит Мерко, вели дека нашата селекција не заслужила пораз.

„Не заслуживме да загубиме на овој натпревар, но тоа е фудбалот. Пропуштивме неколку изгледни шанси, а противникот имаше голема среќа при постигнувањето на голот. Одигравме добро, борбено, девојките покажаа голема желба за надигрување и натпреварувачки дух. Со ваква игра и со играта од последниот контролен тест против Бугарија, можеме да се надеваме на успешно претставување на претстојниот квалификациски турнир во Белорусија“, изјави Мерко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови