Шкупи се врати дома, на Чаир, и прикажа фуриозен старт против Борец, кој на крајот резултираше со триумф од 3-0. Матеј Цветановски во соло пробив прикажа мајсторство уште во петтата минута и донесе водство, Сандеј Адетунџи погоди на почетокот на вториот дел, а го постигна и третиот гол во 67.минута од мечот.
Шкендија се враќа во потребниот ритам и славеше со 0-2 против Скопје на Автокоманда. Валмир Нафиу во 14.минута обезбеди предност за тетовскиот тим, а Јан Кривак зголеми на 0-2 во 67.минута.

Работнички оствари победа (0-2) во градската пресметка со Македонија ЃП во Ѓорче Петров. Кристијан Стојкоски го постигна победничкиот гол во 50.минута на асистенција на Дејан Тантуровски. „Лавовите“ од 52.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на дефанзивецот Марио Младеновски. Во финишот, Лука Станковски ги разреши дилемите околу победникот откако погоди за 0-2 во 89.минута.

Брегалница и на прволигашка сцена го „суреди“ Тиквеш. Подобрата игра резултираше со водство во 49.минута што го донесе Марјан Алтипармаковски, а Дарко Додев зголеми на 2-0 во 69.минута од мечот.
Лидерот Академија Пандев не успеа да победи во Битола. Пелистер одигра без голови против „пандевци“ под „Тумбе кафе“ и малку мрдна бодовно.
Ренова и го нанесе првиот пораз на Струга Трим Лум славејќи со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Ремзифаик Селмани од пенал во 90.минута од натпреварот.
ПРВА ЛИГА – 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – БОРЕЦ 3-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 0-2
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-0
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 0-2
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ 1-0
ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?
Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Кенан Јилдиз
Евро-фудбал
Баерн и Сити во трка за дефанзивец на Феенорд













