Женската А репрезентација на Македонија вечерва во Саутемптон ќе излезе на мегдан на големиот фаворит Англија во воведниот меч од квалификациите за Светското првенство 2023. Стадионот „Сент Мери“ ни е во убаво сеќавање од некогашниот дуел меѓу машките сениорски селекции на Англија и на Македонија (2-2), а овојпат Наташа Андонова и и останатите фудбалерки ќе го имаат тоа искуство.
„Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч. Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овојпат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции“, вели Наташа Андонова.
Желбата е Македонија достојно да се претстави на овој натпревар, а потоа доколку е можно да се обиде да бара бодови против Австрија.
Вечерашниот натпревар меѓу Англија и Македонија е закажан за 20 часот, на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













