
Италијанскиот калчолигаш Верона по само три кола од новата сезона во Серија А се одлучи за промена на тренерската позиција. Поради трите порази на стартот, отпуштен е досегашниот тренер Еузебио Ди Франческо.
„Верона објавува дека го ослободи Еузебио Ди Франческо од позицијата тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на г -дин Ди Франческо и неговиот стручен штаб, Франческо Томеј , Стефано Романо, Џанкарло Марини и Франко Џамартино, за досегашната работа“, се вели во соопштението на Верона.
Верона синоќа загуби на гостувањето против Болоња со 1-0, а претходно на домашен терен забележа неуспеси против Интер и против Сасуоло.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
