Барселона и Баерн Минхен, точно 13 месеци по неверојатниот натпревар во Лисабон во нова пресметка. Каталонците го доживеаја еден од најсрамните порази во историјата на 14 август минатата година, Баерн славеше со резултат 8-2 и се пласираше во полуфиналето, а подоцна стана европски шампион.
Една година подоцна, ситуацијата во Барселона е уште полоша, а во Баерн Минхен барем исто толку добра, и затоа гостите од Баварија се апсолутни фаворити. Има најмалку осум причини зошто Баерн е апсолутен фаворит, додека Барса има само два адути, а и тие не се премногу силни.
Баерн Минхен има нов тренер, младиот и амбициозен Џулијан Нагелсман, можеби дури и подобар од Ханси Флик и секако уште посилен тим. Нагелсман веднаш остави белег, неговиот тим врза три победи со гол разлика од 12-3 по ремито во Менхенгладбах.
Полјакот Роберт Левандовски не може да престане да постигнува голови. Тој веќе даде шест гола во Бундес – лигата и е најдобар стрелец во Европа. Какви се шансите Барселона да го спречи сега?
Перишиќ и Дејвис од една страна, а Кимих и Гнабри од друга, ја уништија Барселона таа вечер во Лисабон. Баерн го нема Перишиќ, но ги има Коман и Сане, можеби уште посилен тандем, а блескаше и Мусијала, кој постигна два гола пред патувањето во Барселона.
Баерн Минхен нема здравствени проблеми, Коман, Упамекано и Милер се вратија, само Сабицер беше полесно повреден и е единствениот под прашалник. Од друга страна, има вистинска „болница“ во Барселона, бидејќи сигурно нема да играат – Агуеро, Фати, Дембеле и Брајтвајт, додека Сержињо Дест е неизвесен.
Баерн Минхен донесе се што е потребно – замена за Алаба е Упамекано, а Сабицер ќе биде во ротација со Кимих и со Горецка. Германскиот клуб не трошеше дополнително пари, но и немаше потреба, бидејќи имаат пеколен тим и двајца играчи на речиси секоја позиција.
Баерн има јасна стратегија во играта, без разлика кој е тренерот, а Барса ја нема. Системот на Барса во претходните години беше наречен „дај му ја топката на Месија и чекај да направи нешто“. Сега го нема Меси, Барса се уште е десеткувана и прашање е дали ќе има некаков план и идеја како да му парира на Баерн Минхен.
Двете причини зошто само најголемите каталонски фанови веруваат во Барса се – Мемфис Депај и фактот дека Ленгле и Семедо нема да играат.
Со заминувањата на Меси и на Гризман, Мемфис Депај покажа дека ќе биде новиот лидер на тимот во нападот. Депај изгледа импресивно на теренот и е единствениот кој прави разлика во корист на Барса.
Таа вечер пред 13 месеци, Семедо и Ленгл беа најлошите актери на теренот. Семедо го нема, а Ленгле е резервен играч, ќе играат Ерик Гарсија и Араухо. Куман ќе игра дефанзивно во формација 3-5-2, па само добрата игра во одбраната може да им донесе позитивен резултат на каталонците.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal