
Јувентус има катастрофален старт во Серија А, но тренерот Масимилијано Алегри се надева дека барем ќе успее малку позитива да внесе со настапите во Лигата на шампионите. Но, и тука ситуацијата во редовите на „старата дама“ не е идеална.
Јувентус вечерва против Малме во Шведска го почнува патот кон трофејот во елитното натпреварување, а во составот на Алегри воопшто ги нема италијанските репрезентативци Федерико Киеза и Федерико Бернардески.
Бразилецот Артур ист така е повреден, а надвор од списокот останаа и Пелегрини и Кајо Жорге. Добра вест е што Пауло Дибала се и останатите интернационалци од Јужна Америка се приклучија за патувањето во Шведска, со оглед дека не беа дел од тимот против Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski