Connect with us

Романците го потенцираат лошиот терен на Националната арена (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје го игра третиот натпревар од септемвриската сесија во квалификациите за СП 2022. Противник е селекцијата на Романија која најде многу замерки за квалитетот на теренот на Националната арена во Скопје.

Романските медиуми направија огромни стории за лошиот терен, истакнувајќи дека тоа ќе биде голем проблем и за романските и за македонските фудбалери. Во својата изјава тоа го потенцираше и Јанис Хаџи, романскиот репрезентативец кој беше стрелец на победничкиот гол (3-2) на првиот дуел меѓу двете селекции во Букурешт.

„Теренот е во очајна состојба. Нерамен е, тревата не е рамномерна секаде, а пред головите и нема трева, туку само земја и песок“, пишуваат романските медиуми.

Добиле и одговор од вработените на стадионот, дека Националната арена е преоптоварена со натпревари, секоја седмица на теренот се играат првенствени натпревари од Првата фудбалска лига, а репрезентацијата ги игра квалификациските натпревари за СП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови