
Романскиот интернационалец Јанис Хаџи најавува дека тој и соиграчите ќе атакуваат на победа на гостувањето во Скопје против Македонија во следното коло од мундијалските квалификации. Романија врза победи над Исланд и над Лихтенштајн, и сега се надева дека со триумф во Скопје ќе ги зголеми изгледите за второто место во групата.
„Одиме во Македонија за да оствариме нова победа. Ќе биде тоа тешко гостување на лош терен, но мора да победиме“, вели офанзивниот играч за врска на Романија.
Јанис Хаџи на првиот дуел со Македонија во Букурешт го постигна победничкиот погодок во 86. минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal