Фудбалската репрезентација на Македонија имаше победа в џеб во Рејкјавик, но дозволи да и испаднат два бода во финишот и водството од 0-2 го претвори само во реми (2-2). Грешките во одбраната се покажаа како пресудни, иако Македонија играше одлично се до 70.минута.
„Македонија беше подобар противник, покажа врвен фудбал, овој резултат е неправеден. Исланд покажа карактер и не се откажа до крај. Задоволен сум што моите момци 70 минути покажаа врвен фудбал. Головите што ги примивме беа по наша вина. По првиот гол кој го примивме по наша грешка, психолошкиот момент беше присутен. Македонија незаслужено загуби два бода, но фудбалот е тоа. Одиме понатаму“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Тој смета дека шансите во групата уште не се загубени.
„Нашата група е со подеднакво квалитетни репрезентации, до крај има уште многу да се игра. Ништо не е загубено за второто место. Психолошкиот момент ќе биде најважен за дуелот против Романија. Многу е тешко да се вратиш по ваков, во најголем дел, перфектен натпревар во кој поради наши индивидуални грешки загубивме бодови. Уште од денеска ќе се подгтовуваме за Романија“, истакна Милевски.
Јасно е дека не можеме да бидеме задоволни од крајниот резултат од овој меч во Рејкјавик.
„Никако не сум задоволен од резултатот. Задоволен сум од перфекцијата во тие 70 минути. Не паметам кога Македонија играла ваков фудбал. Никогаш не може да се предвидат индивидуалните грешки. Играта и пристапот со исклучот на завршните 15 минути треба да ни бидат репер како треба да се движи оваа Македонија во иднина“, потенцираше селекторот.
Енис Барди излезе и се почувствува голема „дупка“ во играта на Македонија. Милевски вели дека го повлекол затоа што сметал дека е заморен.
„Кога чувстувате замор кај некој фудбалер, што е очекувано по два напревари, играчите не се во натпреварувачки ритам, тогаш реагирате. Затоа го заменив Барди, но не би рекол дека тоа е клучен фактор за ваквиот резултат. Двата гола ги примивме по индивидуални грешки, така што не би се согласил дека таа замена беше пресудна“, заврши Благоја Милевски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski