Фудбалската репрезентација на Македонија има педигре на учесник на Европско првенство, но тоа е само убава историја. Фудбалерите се свесни дека мора да се докажуваат на секој нареден натпревар, а особено ако шансите за нов излез, овојпат на Светско првенство, се уште се тука. Но, треба вечерва на Исланд треба да се победи. Го знае тоа многу добро и Енис Барди.
„Тоа што го направивме во минатото е историја. Фудбалот е таков спорт кој бара докажување секој нов натпревар. Очекувањата се добри резултати. Не гледам дека имаме притисок. Гладни сме за уште поголеми успеси. Имаме многу што да дадеме. Оваа генерација има уште што да покаже. Најважно е да одиме од натпревар во натпревар. Самодовербата е тука“, истакнува Енис Барди.
Можеби треба вечерва да добие и шанса да биде поблиску до противничкиот гол, затоа што Македонија мора да биде многу поконкретна доколку сака да ги освои трите бода. А само победа ги продолжува реалните шанси за да останеме во трка за пласман на мундијалот во Катар.
Мечот меѓу Исланд и Македонија е закажан за вечерва, со почеток во 18 часот, на стадионот во Рејкјавик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













