
Не очекува тежок и неизвесен натпревар, противникот е квалитетен, според она што го прикажаа против Романија не заслужија пораз, момците се свесни дека не очекува сериозен противник и мора да бидеме на најдобро ниво за да направиме добар резултат вели селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во пресрет на дуелот против Исланд од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првeнство во Катар.
„Ќе дадеме се што знаеме и умееме да дојдеме до позитивен резултат. Се наоѓаме во фаза на трансформација на тимот, своевидно освежување со играчи кои имаат помал стаж во репрезентацијата, но кои со игрите во тимот до 21 година и во клубовите заслужија да бидат во А тимот“ – вели селекторот.
Милевски вели дека ниту тој ниту играчите не чувствуваат притисок од јавноста со оглед на очекувањата за добри резултати по историскиот пласман на Европското првенство.

„Тие се професионалци и на секој натпревар се обидуваат да победат. Не очекувам ништо помалку од тоа и против Исланд“ – рече Милевски.
Тој вели дека и Исланд како и нашиот тим е во своевидно освежување на тимот кој е комбинација од младост и искуство, очекува неизвесен дуел кој би можело да го решат индивидуални потези.
„Исланд сака да има посед на топката, тоа е поинаку од минатото и нивниот селектор е со друга филозофија, за многу нешта сепак ќе се прашуваме ние, и колку ќе им дозволиме да го реализираат нивниот план“ – потенцира предводникот на А селекцијата на Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
