
Новиот играч за врска на Бешикташ, Миралем Пјаниќ (31) отворено зборуваше за тренерот на Барселона, Роналд Куман. Тој е најголемата причина поради која го напушти „Камп Ноу“ само една година откако потпиша за клубот и одигра 30 натпревари.
„Никогаш не зборуваше со мене. Сакам да играм во тандем како последен играч од средниот ред, пред одбраната. Како последен играч за врска со Кедира, стигнавме до финалето на Лигата на шампионите, играв на сите позиции. Никогаш сум немал проблем со тренерите, се досега и Роналд Куман. Тој немаше јасна позиција за мене во тимот. Во најдобар случај, можев да влезам пет или десет минути на теренот. Понекогаш се загревате 45 минути, а потоа не влегувате внатре. Психолошки ме убиваше, никогаш порано тоа не ми се случило. Не разговарапе со мене, не знаев што сака да прикажам на теренот“, изјави Миралем Пјаниќ во интервју за „Марка“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
