Connect with us

Германците остануваат без Госенс за дуелите со Ерменија и со Исланд

Левиот бек на германската фудбалска репрезентација Робин Госенс најверојатно ќе ги пропушти следните два квалификациски натпревари за Светското првенство против Ерменија и против Исланд. Тој го повреди скочниот зглоб во триумфот над Лихтенштајн (0-2).


„Има проблем со глуждот и има многу болки. Мислам дека нема да можеме да сметаме на него“, изјави новиот селектор на Германија, Ханси Флик.

Томас Милер истот така е повреден во германскиот национален тим, а се очекува враќањето на Мануел Нојер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови