
Македонија ремизираше без голови против Ерменија во Скопје на дебито на новиот селектор Благоја Милевски. Шансите за пласман на СП полека ги губиме, но вистинското прашање е каква репрезентација имаме сега после Европското првенство. Се чини дека недостига многу во последната зона пред противничкиот гол.
Селекторот Благоја Милевски вели дека недостигале завршен „пас“ и реализација, а играта од првото полувреме треба да биде терк како да играме во иднина.
„Сакам да им честитам на Ерменците, а посебни честитки до моите фудбалери, кои покажаа како треба да се однесуваат репрезентативци на Македонија. Првото полувреме треба да ни биде терк како треба да изгледаме во иднина. Во второто полувреме ни недостигаше тоа завршно додавање и реализација. Која е причината, ќе направиме добра анализа за да видиме каде сме погрешиле. Сепак, не е лесно да се пробие тим како Ерменија, кој е цврст и добро организиран“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Ерменскиот селектор Хоакин Капарош е задоволен од изданието на својата селекција. Вели дека бодот е сосема заслужен.
„Одигравме еден квалитетен натптревар, а Македонија беше силен ривал. Но, ние успеавме да ја неутрализираме играта на противникот и сосема заслужено останавме непоразени. Ако размислам подобро, можеби можевме и повеќе од овој дуел“, изјави Капарош.
Фудбалската репрезентација на Македонија патува за Исланд каде го игра следниот натпревар од квалификациите за СП на 5.септември.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал избегна пораз на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)
