Ерменија е утрешниот ривал на македонскиот национален тим во квалификациите за СП 2022. Селекторот Хоакин Капарош во суперлативи зборува за Македонија, вели дека е силен тим дури и сега кога е без Горан Пандев, а знае дека новиот селектор и не може да промени премногу во составот.
„Македонија е силна репрезентација и ние ја респектираме. Ќе бидете без Горан Пандев, но 80% од тимот е истиот и знаеме дека има несомнен квалитетр. Имате и нов селектор, но, сепак, тој не може премногу да промени на самиот старт. Во фудбалот секогаш ќе има и заминувања, доаѓа на нови селектори, фудбалери, но обврската на сите што играат е да победуваат. Се надеваме дека утре ќе одиграме квалитетно, дека Мхитарјан со своето искуство ќе ни даде дополнителна сила и дека ќе стигнеме до позитивен резултат“, изјави селекторот на Ерменија на прес – конференцијата.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













