Ерменците се одлично расположени и максимално мотивирани. Најдобриот фудбалер на утрешниот ривал, Хенрик Мхитарјан, најавува дека Ерменија ќе атакува на триумф на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„Моите соиграчи направија големи нешта на првите три натпревари од групата. Се надевам дека и утре ќе одиграме на високо ниво и дека ќе славиме триумф. Ова е многу важен натпревар за нас и би сакал да се радуваме по него. Македонија ќе биде без Горан Пандев и тоа ќе биде многу важна разлика. Не знам како ќе реагира противникот, знам дека имате и нов селектор, но ние треба да го дадеме максимумот и да си го гледаме нашиот дел од работата“, изјави Хенрик Мхитарјан.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија ќе се одигра утревечер (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













