Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) игра против Ерменија во квалификациите за СП 2022, а тоа ќе биде деби за новиот селектор Благоја Милевски. По заминувањето на Горан Пандев, капитенската лента му припаѓа на Стефан Ристовски. Тој вели дека ќе се обиде да го следи примерот на Горан Пандев.
„Сакам уште еднаш јавно да му се заблагодарам на капитенот Горан Пандев кој има многу дадено за оваа репрезентација и секако е пример како треба да продолжиме по репрезентативниот пат. Секако дека за мене е голема чест што сум капитен на оваа генерација и голема благодарност до селекторот што ми ја даде довербата. Сите ние кои сме дел од репрезентацијата треба на теренот и надвор од него да бидеме пример и да го даваме максимумот. Што се однесува до Ерменија, подготвени сме за предизвикот, во денешниот фудбал нема многу време за размислување, едноставно натпреварите доаѓаат брзо. Се надевам дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат“, изјави Стефан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













