Фудбалската репрезентација на Македонија се комплетираше, а со доаѓањето на новиот селектор Благоја Милевски во националниот тим се врати и напаѓачот Адис Јаховиќ. Тој вели дека чувството е посебно да се носи дресот на Македонија, исто како и пред 10 години кога првпат беше повикан во составот.
„Секогаш сум сакал да играм за нашата репрезентација. Чувството е убаво, како и пред 10 години кога за прв пат го облеков дресот со националниот грб. Верувам дека можеме да направиме успех, сите ние сме искусни и квалитетни фудбалери кои играат во добри клубови и се надеваме на успех. Ќе играме три натпревари во релативно кус период, но ќе дадеме се од себе“, изјави Јаховиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













