Македонија е реновирана, а од денеска и комплетирана. Во „фул“ состав новиот селекторот Благоја Милевски го одработи денешниот тренинг со репрезентативците, а Енис Барди смета дека селекцијата е едно големо семејство во кое секој е подеднакво важен.
„Секогаш се радуваме кога ќе дојдеме да играме за Македонија, сега имаме нов шеф, но ние 17-мина добро го познаваме од порано и знаеме како заедно да остваруваме успеси. Селекцијата на Македонија е едно семејство во кое секој е подеднакво важен и ќе се трудиме максимално на секој натпревар во националниот дрес. Ерменија има добар тим, со новиот селектор играат посебно добро, но наше е да го дадеме максимумот и да се обидеме да победиме“, изјави Енис Барди.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за 2.септември (четврток) на арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20.45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













