ФК Работнички не отпатува на подготовки во Охрид откако се појави фудбалер со позитивен тест на коронавирус, објави клубот на официјалниот сајт.
„Иако фудбалерот нема симптоми на Covid-19, ФК Работнички како социјално одговорен колектив одлучи во моментот да ги одложи подготовките и да ги следи протоколите при ваква ситуација. Сите членови на тимот, стручниот штаб и вработените во клубот пред десетина дена имаа негативни тестови, но сега повторно ќе бидат тестирани, а и фудбалерот кој има позитивен тест ќе замине во задолжителна изолација и потоа повторно ќе се тестира, до повторно враќање во екипата со негативен тест.
Во моментот, неизвесни се и закажаните пријателски натпревари кои беа закажани во периодот на летните подготовки. ФК Работнички со врвен приоритет ќе ги следи инструкциите од Институтот за јавно здравје. Се надеваме дека многу брзо се ќе биде в ред, му посакуваме добро здравје на фудбалерот кој покажа позитивен тест на Covid-19 и се надеваме дека многу брзо повторно ќе бидеме комплетни и ќе ги продолжиме подготовките за новата сезона во Првата лига“, информираат од ФК Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













