Connect with us

Романците го објавија списокот за дуелот со Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Мирел Радои, објави список од 26 фусбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари во септември, меѓу кои и гостувањето во Скопје. Дури 11 фудбалери се од домашното првенство, а шестмина се дебитанти, и тоа: Мариан Ајоани и Виргил Гица (Фарул Костанца), Андреј Рациу (Хуеска), Андреј Кордеа (ФЦСБ), Мариуш Марин (Пиза) и Јован Марковиќ (Универзитатеа Крајова).

Во составот се Николае Станчиу, Јанис Хаџи, Разван Марин, Денис Ман, Флорин Танасе, носителите на играта на романскиот национален тим.


Романија пред мечот со Македонија ќе игра со Исланд во гости, а потоа е домаќин на Лихтенштајн. На првиот меч во Букурешт, Романците славеа против Македонија со 3-2, а потоа беа поразени од Германија и од Ерменија.

СОСТАВ НА РОМАНИЈА

ГОЛМАНИ: Мариан Ајоани (Фарул), Флорин Ница (Спарта), Андреј Влад (ФЦСБ)

ОДБРАНА: Марио Камора (Клуж), Влад Кирикеш (Сасуоло), Виргил Гица (Фарул), Кристијан Манеа (Клуж), Јонуц Неделсеару (Кротоне), Андреј Рациу (Уеска), Адријан Рус (Фехервар), Алин Тошка (Газијантеп)

СРЕДЕН РЕД: Александру Кикалдау (Галатасарај), Андреј Кордеа (ФЦСБ), Јанис Хаџи (Глазгов Ренџерс), Денис Ман (Парма), Мариус Марин (Пиза), Разван Марин (Каљари), Драгош Неделку (Фортуна Дизелдорф), Дариус Олару (ФЦСБ), Дорин Ротариу (Лудогорец), Дејан Сореску (Динамо Букурешт), Николае Станчиу (Славија Прага), Флорин Танасе (ФЦСБ)

НАПАД: Денис Алибек (Клуж), Денис Драгуш (Стандард Лиеж), Јован Марковиќ (Универзитатеа Крајова)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови