Бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо, кој е офанзивен играч за врска, а може добро да се снајде и како напаѓач, се враќа во македонското првенство, но сега во дресот на Пелистер. Тој во минатото беше член на Шкендија и на Вардар, во изминатиот период играше во Индонезија, Малта и во Словенија, а сега доби понуда од Пелистер да се врати во Македонија.
Битолскиот прволигаш ќе ангажира и шпански интернационалец кој треба да ја засили одбраната. Хозе Домингез, чиј последен клуб е од Малдивите, треба да пристигне во Битола како засилување. Полека, но сигурно, Пелистер комплетира респектабилен тим за претстојната сезона.
Во првото коло, Пелистер загуби од Македонија ЃП со 1-0 на гостувањето во Ѓорче Петров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













