Connect with us

„Комити“ не го оставаат Вардар: Навивање и надвор од стадионот за мечот со Борец

Поради пандемијата на коронавирусот, фудбалската сезона во Македонија која стартува на 9. август со првото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се игра без присуство на публика на нашите стадиони.

Но, тоа за најверните вардарови навивачи нема да биде пречка да дадат максимална поддршка на својот клуб, најавувајќи навивање пред стадионите на секој натпревар на „црвено-црните“….

„По скоро шестмесечна пауза започнува новата фудбалска сезона, која за нас ќе биде една голема борба на два фронта – лошата ситуација во ФК Вардар и играњето на натпреварите без публика. Ние не би биле ние ако го оставиме Вардар кога му е најтешко. Нека грми песна комитска пред Градскиот стадион. Пред влезот на западната трибина! Нагласуваме со почитување на мерките за заштита и задолжително носење МАСКИ!“ – информираа „Комитите“.

Вардар го очекува една од најтешките сезони во последната декада поради тешката финансиска ситуација во која е клубот. Се уште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко, само поради тоа што не можеше да ги покрие неопходните финансиски долгови како чист би го оставил клубот на Град Скопје, се одлучи да остане до крајот на годината кога и дефинитивно, како што најави, ќе го остави Вардар. Тренерот Александар Васоски, сепак, собра солиден тим кој може рамноправно да се натпреварува во прволигашкото друштво.

Во 1. коло од новата сезона Вардар на 8. август (сабота) на националната арена „Тодор Проески“ го пречекува велешки Борец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови