Македонскиот претставник Силекс е елиминиран од молдавскиот тим Петрокуб во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА откако реваншот на стадионот „Цимбру“ во Молдавија го загуби со 1-0. Бункерот на Силекс држеше цел натпревар и попушти во шестата минута од судиското продолжение. Стрелец на победничкиот гол за Петрокуб беше Михаил Платица во 96.минута од мечот.
Тимот на Горазд Михајлов беше комплетно ориентиран на одбрана, речиси и да не го минуваше центарот на теренот. Петрокуб напаѓаше, но без изгледни шанси во првиот дел, а притискаше се повеќе како што се ближеше крајот на натпреварот. Домашните фудбалери изведоа дури 17 корнери и токму од последниот, Михаил Платица успеа да го совлада Даниел Божиновски.
По корнерот од левата страна, Божиновски остана кус, а високо скокна Платица и со удар со глава го постигна победничкиот гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













