Струга Трим Лум доживеа убедлив пораз (1-4) од Лиепаја на реваншот во Скопје и го заврши дебитанскиот настап во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Срѓан Захариевски вели дека Лиепаја потврдила дека е поквалитетен ривал, а можеби неискуството на стружани во европските купови било пресудно.
„Лиепаја беше фаворит и го потврди тоа. Не можам да бидам задоволен од начинот на кој го загубивме овој меч. Можеби и неискуството на нашиот тим пресуди, но, сепак, не одигравме според планот што го подготвивме. Тие постигнаа гол во самиот финиш на првото полувреме, а потоа и уште два на самиот старт на вториот дел. Потоа тргнавме на се или ништо, но тоа беше предоцна за да се стори нешто повеќе. Сепак, ова е дебитантски настап за Струга ТЛ во Европа и ќе работиме напорно за да го достигнеме потребното ниво“, изјави Срѓан Захариевски на прес – конференцијата по мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













