
Македонскиот прволигаш Пелистер во текот на денешниот ден пријави 12 фудбалери со професионални договори во Фудбалската федерација на Македонија и го исполни условот за и претстојната сезона да се натпреварува во елитата. Но, ова нема да ги прекрати маките на „зелените“ кои се уште се во очекување на трансформација на клубот и продажба на мнозинскиот пакет акции на друг сопственик.
Клубот е во финансиски долгови, актуелниот сопственик Пеце Стојчевски нема сили за да го одржува клубот на потребното ниво, а општина Битола ќе се обиде да помоге со одредени средства. За во вторник е закажана седница на Советот на Општина Битола на која треба да се изгласа измена на начинот на исплата на финансиски средства за ФК Пелистер за 2021 година. Ова е реакција на општината по барањето на навивачката група „Чкембари“ да се помогне на нивниот фудбалски миленик.
Во меѓувреме, се уште е актелна можност за продажба на мнозинскиот пакет акции на ФК Пелистер на берза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?

Прва лига
Арбин Зејнулаи се врати во Шкендија
