Connect with us

Борец со лек и за Шкендија, Силекс подобар од Ренова

Шкендија може да биде среќна што извлече реми (1-1) на домашен терен со велешки Борец во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Борец беа далеку подобар противник на теренот но не успеаја да реализираат неколку 100% можности на дуелот, па на крајот мораа да се задоволат само со бод против големиот фаворит.

А Шкендија и до тој бод дојде благодарение на ефектниот гол на Бруно Дита во 35. минута од средбата.

Тетовци бркаа негатива од 19. минута, по одличната акција на Прелчец која со гол ја круниса Марио Станковски.

Силекс, пак, стигна до пресврт победа од 3-1 против Ренова во Кратово. „Гипсарите“ поведоа со голот од 35 метри на Рамадани…

Во самиот финиш од првото полувреме, најпрво на 1-1 израмни Пепи Георгиев во 42. минута. А, потоа во судиското продолжение од првите 45 минути на 2-1 зголеми Денис Ристов.

Конечните 3-1 на натпреварот ги постави Пепи Георгиев со својот втор погодок, во 58. минута од натпреварот.

ПМФЛ – 4. КОЛО
Работнички – Вардар 1-1
Шкендија – Борец 1-1
Силекс – Ренова 3-1
Македонија ЃП – Беласица 2-1
Шкупи – Пелистер 1-0
Ак. Пандев – Струга ТЛ 1-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови