
Тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски, и играчот за врска Бесмир Бојку очекуваат тежок и неизвесен реванш против Лиепаја во Скопје, во првото коло од Конференциската лига на УЕФА.
„За нас заврши само првиот делот од оваа битка против тимот на Лиепаја. Ремито 1-1 веројатно е и вистинска слика за она што се случуваше на теренот на првиот меч во Летонија. Лиепаја е многу квалитетен тим, тие што ќе присуствуваат на утрешниот натпревар ќе имаат можност самите да се убедат во тоа, но според играта што ја прикажавме таму, особено во второто полувреме, како и активниот резултат што го имаме, се надевам дека ќе успееме да го елиминираме овој противник. Голот во гости веќе ќе е предност, така што утре почнуваме од 0-0“, изјави Срѓан Захариевски.
Бесмир Бојку покажа дека е квалитетно засилување за Струга Трим Лум. Тој се надева дека утре тимот ќе се претстави во најдоброто издание.
„Јасно ни е дека ќе се соочиме со многу квалитетен тим, многу добро организиран клуб. Мислам дека шансите на овој реванш натпревар сега се 50 – 50, иако пред првиот меч во Летонија ни даваа малку шанси за да го елиминираме противникот. Сепак, на терен сè е поинаку. Можам да кажам дека сите сме оптимисти и верувам дека можеме да славиме утре доколку го прикажеме најдоброто издание“, изјави Бесмир Бојку.
Натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Лиепаја ќе се одигра утре на комплексот на ФФМ со почеток во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
