
Македонскиот првак Шкупи утревечер (20 часот) му гостува на косовскиот тим Лапи во Приштина, на реванш мечот од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Тимот од Чаир има два гола предност по првиот меч (2-0), а тренерот Гоце Седлоски вели дека нема опуштање и бара од фудбалерите да играат како да е 0-0.
„После квалитетните 90 минути што ги одигравме во Скопје, треба да бидеме уште подобри на реваншот. Лапи е квалитетен тим, го покажа тоа на првиот меч и мора да бидеме максимално одговорни. Имаме предност, но им кажав на фудбалерите дека барам да одиграат како е да 0-0. Стоиме цврсто на земја затоа што ако не бидеме максимално внимателни, предноста може лесно да ја загубиме. Нашата цел е да работиме напорно и на реваншот и да се вратиме со победа од Приштина“, изјави тренерот Гоце Седлоски.
Младиот играч за врска, Бујар Шабани, вели дека изминатите неколку дена работеле на исправка на грешките што се јавија на првиот дел со Лапи.
„Драго ми е што ќе имаме навивачите на стадионот бидејќи за нив се игра фудбал. Ние како тим сме добро подготвени за овој натпревар, треба да бидеме максимално одговорни и се надевам дека на крајот ќе обезбедиме пласман понатаму“, вели играчот за врска, Бујар Шабани.
Реванш мечот меѓу Лапи и Шкупи во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УеФА е закажан за утревечер, со почеток во 20 часот, н стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
