
Фудбалерите на Струга Трим Лум го одржаа официјалниот тренинг на комплексот на ФФМ во пресрет на утрешниот реванш натпревар против Лиепаја во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Ремито од првиот меч во Летонија дава убава можност за пласман понатаму за тимот на Срѓан Захариевски, кој всушност дебитира на меѓународната сцена.

„По првото полувреме имаме резултат 1-1, следи вториот дуел на кој имаме реални шанси за пласман понатаму. Мислам дека шансите се подеднакви за двете екипи. Со оглед дека не важи веќе правилото за гол во гости, може да се каже дека почнуваме од нула. Знаеме дека не очекува тежок и неизвесен дуел, Лиепаја е квалитетен тим, но и ние имаме свои адути и шанси за да минеме во следната рунда“, изјави шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски, на денешната прес – конференција.

Мечот меѓу Струга Трим Лум и Лиепаја е закажан за утре на комплексот на ФФМ, со почеток во 17 часот, а ќе го суди Артиом Кучин од Казахстан.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
