
Македонскиот второлигаш останува без тројца искусни фудбалери од минатата сезона. „Текстилците“ ги напуштија Марјан Билбилоски, Блашко Николовски и Мирослав Јованоски.
„Понекогаш доаѓа време кога треба да се сврти нова страница, доаѓа време на промени, а таков „бран“ го зафати и ФК Тетекс. Дојде време младите односно децата на школата да го покажат својот потенцијал и квалитет во првиот тим, кои ќе донесат нови ветришта, ќе го поведат „сино-белиот“ клуб кон нови успеси, кон нови победи. Затоа во овој момент им се заблагодаруваме на сите оние кои што беа дел од Тетекс во изминатата сезона, а кои во иднина нема да бидат во нашиот клуб, барем не како фудбалери. Им кажуваме едно големо благодарам поединечно на нашиот капитен Марјан Билбилоски – Пупе, потоа на заменикот Блашко Николовски, на третиот Мирослав Јованоски за сето она што го сторија за нашиот тим во изминатите неколку години“, соопштија од Тетекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski