Connect with us

Академија Пандев ја тестира Шкендија пред Тотенхем, Ренова гостува на Чаир

Шкендија има слатки европски маки, за неколку дена ја очекува дуел со англискиот премиерлигаш Тотенхем, но денеска ќе треба да го пречека составот на Академија Пандев во домашното првенство. Тренерот Ернест Ѓока ги има на располагање сите фудбалери и посакува нова победа.

Александар Таневски поднесе оставка од клупата на Академија Пандев по слабите резултати на почетокот на шампионатот и според сите најави се враќа Југослав Тренчовски кој треба да го извлече тимот од стартниот шок.

Силекс доби елиминации од Карабах и од Дрита во Европа и повторно е само на домашно тло. Во Кратово денеска гостува Борец, а тимот на Горан Симов сака брзо да се врати во ритам.

На Чаир, Шкупи ќе ја пречека Ренова. Домаќинот не прескокна ниедна европска пречка, Ренова стигна до Хајдук, а потоа достојно се прости од настапите. Сега во меѓусебна пресметка ќе треба да покажат кој тим е во подобра форма во националното првенство. 

Беласица е комплетно разочарување по враќањето во елитата, а Пелистер чекори многу посигурно и ќе сака да извлече позитивен резултат и на денешното гостување на стадионот „Младост“ во Струмица.

Во двата вчерашни натпревари од шестото коло, Македонија ЃП го совлада Вардар со 2-1, а Работнички и Струга Трим Лум ремизираа, 1-1.

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО (ДЕНЕСКА, 15.30 Ч.)

ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 

СИЛЕКС – БОРЕЦ

ШКУПИ – РЕНОВА

БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 2-1

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-1

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови