Connect with us

Куп: Младите вардарци „полагаат“ на Академија, Работнички на езерска „служба“

Најтрофејниот македонски клуб Вардар оди на гости во Струмица кај Академија Пандев во „најзвучната“ пресметка од осминафиналето во Купот на Македонија. По дебаклот од Шкендија, тимот на Александар Васоски ќе се обиде да се рехабилитира со пласман меѓу осумте најдобри екипи во куп-натпреварувањето. 

Но, и Академија Пандев треба да „лечи рани“, составот на Југослав Тренчовски загуби од Шкупи дома во првенството, па ќе сака триумф во Купот за да се врати во потребниот ритам.

Интересно ќе биде и крај езерото во Струга. Работнички гостува кај Струга Трим Лум. „Романтичарите“ секогаш имаат големи амбиции во Купот, а стружани оваа сезона се наметнуваат како сериозен фактор во македонскиот клупски фудбал, посебно откако на кормилото застана Срѓан Захариевски.

Ренова и Пелистер ќе ги одмерат силите во Голема Речица, Шкендија ќе биде домаќин на Гостивар, но на „негов терен“ поради реконструкција на теренот на Градскиот стадион во Тетово.

Во Штип веќе е еуфорија, затоа што Брегалница ќе ја пречека Беласица. Старите ривали од Истокот повторно ќе се пресметаат, овојпат за пласман во осминафинале од Купот. Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе биде домаќин на Кит Го. Македонија ЃП ќе ја пречека Каменица Саса, додека Силекс оди на гости кај Кожуф. 

ДВОЈКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ  (14.30 ч.)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР

БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА

ШКУПИ – КИТ ГО

МАКЕДОНИЈА ЃП – КАМЕНИЦА САСА

КОЖУФ – СИЛЕКС

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови