
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека Грција неосновано се жали за македонските дресови со кои Македонија настапува на Европското првенство.
На денешна прес-конфренција, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи им одговори на Грците.
„Фудбалската федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која што во Централениот регистар е регистрирана како здружение кое не прима државни пари. Прашањето за името се однесува на институции, организации и здруженија кои што примаат државни пари. Тоа значи дека се додека не прима државни пари ФФМ нема обврска да го прилагоди своето име. Ние имаме две комисии што се грижат за Преспанскиот договор, едната е меѓународната група на експерти, тие се задолжени и за трговските марки, и тие седнуваат и ги дефинираат, пример краткото име на државата односно кодот е МК и МКД. Во последно време има одредени реакции зошто не е НМ или НМК. НМ и НМК според Преспанскиот договор е само за регистарските таблички, за се друго е МК и МКД“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Синоќа грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис испратил писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наоѓа на македонските дресови. На Грците им смета тоа што ФФМ е кратенка од Фудбалска федерација на Македонија. Според нив тоа е спротивно на договорот помеѓу двете земји потпшан во 2018 година.
Со писмо до македонското МНР се пожали и грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.
На денешна прес-конфренција, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи им одговори на Грците.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
