Фудбалската репрезентација на Холандија со убедлива победа (3-0) над Грузија зема залет пред Европското првенство. Нашиот ривал од групата славеше против Грузијците со головите на Мемфис Депај од пенал во десеттата минута и на Ваут Вегорст во 55.минута и на Рајан Гравенберх во 76.минута од мечот.
Англија оствари триумф против Романија со 1-0. Стрелец на голот беше Маркус Рашфорд од пенал во 68.минута. Подоцна беше досуден уште еден пенал, но не успеа да го реализира Џордан Хендерсон.
Данска ја совлада БиХ со 2-0, со головите на Мартин Братвајт и на Андреас Корнелиус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













