Интер ќе се обиде да го врати Миралем Пјаниќ во Серија А, според денешнитe најави од италијанските медиуми. За неговиот потпис, „нероаѕурите“ би можеле да се борат со поранешниот тим на Босанецот, Јувентус, во летниот преоден рок.
Играчот за врска на Барселона моментално се проценува на 42 милиони евра, а тоа е премногу за било кој италијански клуб, тврди „Тутоспорт“. Сепак, се чини дека каталонците не го гледаат Пјаниќ во составот на следната сезона, па поради тоа би му дозволиле да замине на позајмица со цел да се ослободат од неговата висока плата.
Интер го потврди назначувањето на Симоне Инзаги, а тој е заинтересиран за доведување на Пјаниќ, кој претходно играше за Јувентус и за Рома во Италија. Тимот од „Џузепе Меаца“ прво мора да ги подреди своите финансии со продажба на еден или двајца клучни играчи, но откако тоа ќе се реши, може да започне да бара засилувања за одбрана на титулата во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal