Македонскиот вицепрвак Шкупи е во преговори за ангажман на младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски. Тој е член на Водждовац, а минатата сезона ја играше на позајмица во Раднички Пирот. Раководството на клубот од Чаир во проектот за реконструкција и подмладување сака да доведе најголем дел од младинските репрезентативци на Македонија.
Успеа да го ангажира Блертон Шеји, во преговори е со Никола Серафимов од Академија Пандев, но и со уште еден негов соиграч, Андреј Стојчевски.
Фисник Зука од Работнички веќе потпиша за Шкупи, како и Томе Китановски од Македонија ЃП, а клубот е во преговори и со Владица Брдаровски, Бојан Илиевски, како и со хрватски напаѓач кој треба да дојде пред почетокот на подготовките за квалификациите во Конференциската лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski