Connect with us

Херојот на Вилјареал кој ја воодушеви Шпанија со пораката за вакцинација (ВИДЕО)

Жерар Морено е еден од хероите на Вилјареал во спектакуларниот триумф во Лигата на Европа. Со должна почит кон голманот Херонимо Рули, кој со одбранетиот пенал на Де Хеа донесе победа во финалето над Манчестер Јунајтед, Вилјареал до финалето стигна со со головите и асистенциите на Морено. Постигна седум гола и имаше четири асистенции, а вкупно 30 гола во сезоната.


Морено стана хит во Шпанија и поради прославата на голот во финалето. Тој славеше симулирајќи вакцинирање. Испрати важна порака и го исполни ветувањето дадено во познатото ток-шоу „La Resistencia“ кај водителот Давид Бронцано. Тој го советуваше да прослави гол на најважниот натпревар во кариерата промовирајќи вакцинација против Ковид-19, а Морено вети дека ќе го стори тоа ако постигне погодок.

Морено експлицитно порача дека е убаво Шпанците да се вакцинираат во финалето од Лигата на Европа, а тоа пречекано со ентузијазам во цела Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови