Connect with us

МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА – Одбрана: Клисман Цаке (Струга Трим Лум)

Заврши една од најтешките сезони, спортистите имаа сериозен противник и во Ковид-19, но најдобрите секогаш издржуваат и на крајот – победуваат. Шкендија го освои шампионатот, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс (како освојувач на Купот) ќе играат на европска сцена, а сега е време за одбележување на тие што покажаа најмногу.

МАКФУДБАЛ го издвојува ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2020/21.

ОДБРАНА – КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)

Можеби никој не очекуваше, но Струга Трим Лум ја искористи шансата и обезбеди европска виза освојувајќи го третото место на табелата во Првата фудбалска лига.


Клисман Цаке беше еден од адутите на тренерот Срѓан Захариевски во текот на целата сезона. Одличен во дефанзива, цврст во воздушните дуели, но и технички поткован за да може да се вклучи во креацијата на играта, со силен и прецизен удар.

  1. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
  2. НИКОЛА СЕРАФИМОВ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови