Џанлуиџи Донарума е решен да си замине од Милан и наводно му рекол на директорот Паоло Малдини дека работи строго под наредба на неговиот агент Мино Раиола. „Росонерите“ го критикуваат потегот на Донарума, кој доби понуда 8 милиони евра по сезона откако клубот обезбеди пласман во Лигата на шампионите со победата од 2-0 над Аталанта.
После натпреварот, Малдини се обидел да разговара со младиот голман, но, како што тврди „Газета дело спорт“, тој наишол на “студен туш” од страна на Џиџо.
Младиот голман му одговорил: “Ќе правам што ќе ми каже Раиола”.
Во тој момент, трпението на директорот на клубот и на целата управа на Милан завршило и тие одлучиле да ја затворат зделката за Мајк Мењон, кој ќе биде нов прв голман за следната сезона.
„Понекогаш луѓето не знаат како да се однесуваат како професионалци“, е коментарот на Паоло Малдини по кој станува јасно дека Донарума ќе замине од Милан и најверојатно ќе застане на голот на Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













