Шпанскиот тим Вилјареал е без пораз во Европа цела сезона. Дојде до финалето на Лигата на Европа и ќе се обиде и во Гдањск да остане непоразен. За противник го има Манчестер Јунајтед, англискиот премиерлигаш со огромно искуство на меѓународна сцена.
Вилјареал е предводен од тренерот кој е специјалист и има исклучителен рекорд на трофеи во Лига Европа. Унаи Емери знае како се победува во финалето на ова натпреварување.
„Ако Јунајтед е фаворит, тоа е затоа што има многу добри фудбалери, тие имаат голема историја, но и ние имаме аргументи да бидеме вистински кандидати за победа тука во Гдањск. Јунајтед, во својот најдобар еленент, може да победи секого, и најдобрите европски тимови. Но, ние имаме свои „добри“ страни. Внимателно го анализиравме Јунајтед и клучот е да ги искористиме нашите можности кога ќе ни бидат овозможени“, изјави Унаи Емери.
Финалната битка меѓу Манчестер Јунајтед и Вилјареал е закажана за вечерва во 21 часот во Гдањск.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













