Вардар го пречекува тимот на Академија Пандев на отворањето на 13.коло во Првата фудбалска лига. На двата тима бодовите им се повеќе од потребни и тоа е најава за одличен дуел.
Избраниците на Југослав Тренчовски малку живнаа со триумфот над Шкупи во Купот на Македонија, но имаат многу за докажување во првенството каде слабо стартуваа. Со триумф над Вардар би се извлекле малку погоре на првенствената табела. Во составот ќе го нема стрелецот од минатиот меч Томовски поради жолт картони.
Вардар исто така не е комплетен. Тренерот Александар Васоски нема да може да смета на Мичевски поради повреда и на Блажевски поради жолти картони. Но, „црвено-црните“ се надеваат дека ќе одиграат добар меч како на гостувањето во Велес и дека ќе успеат да освојат бод(ови).
Останатите средби од 13.коло во Првата лига се играат утре, со почеток во 13 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













