Connect with us

МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА – Одбрана: Егзон Бејтулаи (Шкендија)

Заврши една од најтешките сезони, спортистите имаа сериозен противник и во Ковид-19, но најдобрите секогаш издржуваат и на крајот – победуваат. Шкендија го освои шампионатот, Шкупи, Струга Трим Лум и Силекс (како освојувач на Купот) ќе играат на европска сцена, а сега е време за одбележување на тие што покажаа најмногу.

МАКФУДБАЛ го издвојува ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2020/21.

ОДБРАНА – ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)

Шкендија неприкосновено ја освои шампионската титула, а Егзон Бејтулаи е лидерот на тетовскиот тим. Репрезентативниот стопер носи сигурност во одбраната на составот на Ернест Ѓока, бескомпромисен во воздушните дуели, одличен и со топката во нозе кога од позадина се гради играта на Шкендија.

Егзон Бејтулаи е стопер од европска класа и Шкендија е среќна што го има во тимот. Тој сепак е ниво погоре од Есмин Личина од Македонија ЃП и Бојан Илиевски од Пелистер, кои беа во најтесниот избор за оваа позиција.

2. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)

3. БОЈАН ИЛИЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови