
Ренова со многу мака, но и со многу среќа, успеа да го спаси прволигашкиот статус. По изведување пенали славеше со 3-2, откако во регуларниот тек стигна до 2-2 дури во 89.минута од мечот. Шефит Шефити беше херојот со два постигнати гола, а потоа се приклучи Хадис Велии кој одбрани два пенали.
Шефот на стручниот штаб на Ренова, Ќатип Османи, е реален, признава дека неговиот тим имаше и среќа, а упати пофални зборови и за ривалот Охрид.
„Беше тежок натпревар, знаевме дека Охрид има млад и одличен тим. Не успевавме да ја разбиеме нивната одбрана, имавме и среќа што успеавме да израмниме на крајот. Победивме на пенали, сакам да им честитам на фудбалерите на двете екипи. Ние ја исполнивме целта која беше зацртана за оваа пролет“, изјави Ќатип Османи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
