Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, откри дека изградил одлична врска со идниот тренер на Рома, Жозе Мурињо. Англискиот напаѓач ќе разговара за својата иднина со сопственикот на англискиот клуб, Даниел Леви, а според неговите зборови, не е исклучена и можноста да му се придружи на својот поранешен тренер.
„Жозе очекуваше да бидеме мажи и да се однесуваме како мажи на теренот, да бидеме лидери. Да бидам искрен, тоа е веројатно она што не му успеа на Жозе. Ние не бевме лидери. Клубот беше во тешка состојба по отказот на Маурисио Покетино и никогаш не е лесно со нов тренер”, изјави англискиот напаѓач.
“Мислам дека имав одлична врска со Мурињо, се најдовме на иста бранова должина уште од самиот почеток. Се разбиравме, имавме сличен менталитет и тоа се одразуваше на теренот и надвор од него. Вистинска штета е што не можевме да продолжиме да освојуваме титули, но јас имав среќа да работам и со него и со Покетино. Тие се двајца неверојатни тренери кои само ми помогнаа во мојата кариера”.
Медиумите на Островот најавуваат дека Хари Кејн сигурно би тргнал со Жозе Мурињо, но прашање е дали Рома има финансиска моќ за реализација на ваков трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal