Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, побарал годишна плата повисока од 25 милиони евра за да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“. Според информациите, челниците на Реал сметаат дека ваквото барање е претерано. Претседателот Флорентино Перез е подготвен да му понуди околу 20 милиони евра „нето“ годишно.
Агентите на Винисиус, пак, ја сметаат понудата на клубот за недоволна и неразумна, а се наведува и дека трпението на мадридската управа се намалува. Иако играчот има ослободителна клаузула во договорот од една милијарда евра, „кралскиот клуб“ наводно би размислил за евентуални понуди доколку Бразилецот остане на истите финансиски барања.
Во последно време, се појавија шпекулации дека Ливерпул покажува интерес за Винисиус Жуниор, а секако има и астрономска понуда за преселба во Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













