Италијанскиот вицепрвак Интер полека се повлекува од трката за ангажман на нигерискиот напаѓач Адемола Лукман од Аталанта и според италијанските медиуми, клубот веќе започнал преговори за доведување на Французинот Кристофер Нкунку од Челси.
Лукман беше една од главните желби на Интер ова лето, но Аталанта ја одби понудата од 45 милиони евра, јасно ставајќи до знаење дека 27-годишниот офанзивец не е на продажба за помалку од 50 милиони. Иако Интер ја зголеми првичната понуда, клубот нема намера да оди над таа граница и се откажува од играчот кој од 2022 година е најдобар стрелец на Аталанта, со 15 гола минатата сезона, што му донесе делба на второто место на листата на стрелци во Серија А.
Наместо тоа, „нероаѕурите“ ги насочуваат напорите кон Нкунку, 27-годишен играч кој во 2023 година се пресели во Челси, но не успеа да се наметне во англискиот клуб како што тоа го правеше во Лајпциг, каде на 119 натпревари во Бундес-лигата постигна 47 голови.
Во Премиер – лигата со Челси има одиграно 38 натпревари и има шест погодоци, додека за француската репрезентација има 14 настапи и еден гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













